ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/26/21 12:41 PM

Невакцинираните се „фабрика“ за новите соеви на коронавирусот: Д-р Шакиќ за влијанието на вакцините и создавањето антитела

Невакцинираните се како „фабрика“ за новите соеви на коронавирусот и затоа за вакцинацијата мора да зборуваат докторите на кои им се верува, за да ги поттикнат неодлучните да се вакцинираат, вели проф. д-р Борис Шакиќ, невроимунолог од Универзитетот Мекмастер во Хамилтон.

При своето гостување на телевизијата К1 тој објасни дека Канаѓаните биле незадоволни бидејќи нивната земја доцна набавила вакцини, а во Канада целта била што поголем број луѓе да примаат прва доза вакцина. Најпрво, според него се вакцинирале здравствените работници и војската, потоа постарите од 80 години, па оние од 70 и 60-годишна возраст.

„Јас ја примив вакцината на Фајзер во април, а како втора летово ја примив вакцината на Модерна. Не разбирам како луѓето не сфаќаат дека секоја вакцина е подобра од тоа да не сте вакцинирани, дури и кинеската Синовак која има ефикасност од околу 50 отсто“, изјави професорот.

Тој даде објаснување и за создавањето антитела во нашиот организам по примањето вакцина, односно додаде дека вакцината не е она што не’ штити, туку тоа го прави нашиот имунолошки систем.

„Вакцината ги стимулира нашите бели крвни зрнца да не’ заштитат. Тоа значи дека нас не’ штити нашиот имунолошки систем. Вакцините на Модерна, Фајзер и Џонсон и Џонсон го содржат спајк протеинот кој се „закачува“ за нашата клетка која носи информации за вирусот. Другите клетки прават антитела на таквиот спајк протеин. Кинеската вакцина од друга страна пак, содржи цел умртвен вирус. Вакцината е вежба за нашиот имун систем. Ако сакате да ги зајакнете мускулите, дали ќе отидете во теретана само еднаш? Исто е и со вакцината“, објасни професорот Шакиќ.

Нивото на антитела меѓутоа,  не е најдобар показател за тоа колку се вакцините ефикасни – смета професорот додавајќи дека и кога опаѓа нивото на антиела, ни остануваат мемориски клетки.

„Не знаеме колку е животниот век на тие клетки, но факт е дека мемориските клетки паметат дека сме биле изложени на вирусот и создаваат антитела“, појасни тој.

Следниот сој ќе биде уште поопасен

Вирусот ќе мутира во посилна, а не во послаба варијанта се’ додека има невакцинирани – истакна Шакиќ додавајќи дека новиот сој ќе биде десет проценти позаразен од делта сојот.

Тој апелира граѓаните да се вакцинираат, бидејќи како што вели, благодарние на вакцините може да ни се продолжи животниот век.

„Жал ми е што не слушнавме совети од Кина. Мој совет како научник е да следиме што прават успешните. А кој е успешен? Кинезите. Тие ги вакцинираа луѓето и затвораа цели градови за да ја спасат нацијата. Нивната идеја е дека општеството може да опстане“, изјави професорот.

Според него, потребно е полицајците да им мерат температура наминувачите на улиците и да ги упатат на преглед доколку е потребно. Тој предлага со дронови луѓето да бидат опоменувани да стават маска.

„Нема ниту една земја на светот која може да издржи волку голем наплив на пациенти, кои им го заземаат местото на оние кои ќе им пукне слепото црево. Оние кои не се вакциираат и развиваат тешка клиничка слика им ги загрозуваат правата на тие други пациенти на кои им пукнало слепото црево или можеби доживеале срцев удар“, нагласи професорот.

 

Извор:  blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1