ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/26/21 10:42 AM

Вашингтон – првиот град кој ги „попиша“ своите мачки

Кога со предните шепи ја допира земјата, суштеството со мустаќи нагло го крева погледот нагоре, а камерата кликнува и ја снима ваквата сцена. Се работи за мачки, а локацијата за снимање не е некоја оддалечена дивина, туку станува збор за престолнината на Соединетите Американски Држави. Фотографиите беа објавени во рамките на програмата под името DC Cat Count. Се работи за тригодишни напори на активистите кои се борат за благосостојба на животните, како и на надлежните да ја попишат секоја мачка во Вашингтон.

-Во Вашингтон живеат околу 200.000 мачки, од кои околу половина се домашни. Другиот дел го сочинуваат мачки кои се бездомни – вели Тајлер Флокхарт, биолог кој води го проектот кој има за цел да овозможи соодветна проценка за големината на популацијата на мачки во градот.

„Мислам дека не постои некој друг див цицач кој во таква густина живее близу до луѓето“, изјави тој алудирајќи на мачките во урбаното опкружување.

„Навистина е интересно што имаме толку многу мачки на толку мала локација“, додаде тој.

Истражувачите кои учествувале во проектот за ваквиот „попис“ разговарале со репрезентативен примерок на жителите, се движеле по посебни рути во потрага по мачки и поставиле камери на повеќе од 1500 локации.

„Тоа е веројатно најдеталната анализа за мачки во кој било светски град“, изјави Флокхарт.

Според него, има голема разновидност кај дивиот свет во градот.

Нивните камери снимиле и бројни други животни, како верверици, ракуни, лисици, елени па дури и еден рис.

„Градовите честопати ги сметаме за места во кои живеат само луѓе, но таму ќе сретнеме бројни видови диви животни“, додаде тој.

 

Извор: hr.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1