ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/25/21 10:19 PM

Потпишаа развод, а сега Ванда му прости на Икарди – Немам ништо ако не сум со него

Ванда Икарди си го врати сопругот Мауро Икарди, по кратката врска со манекенката Марија Еугенија Суарез позната по прекарот Џина Суарез.

Ванда го обвини својот сопруг за недолично однесување, но подоцна тоа го објави на социјалните мрежи, навестувајќи дека се согласила да ја продолжат нивната врска.

Сега таа објави како му простила.

– Колку бевме добри и среќни покажуваат фотографиите кои ги објавувам последните месеци. Од она што се случи, бев многу повредена. Секој ден барав развод од Мауро.

-Кога сфати дека нема враќање, ми рече дека не можеме да продолжиме вака, дека ако разделбата е единствениот начин да се стави крај на толку многу болки, тогаш треба да го направиме тоа.

– Отидовме кај адвокатот. За два дена Мауро ги прифати сите услови и потпишавме договор. Следниот ден ми напиша писмо што никој никогаш не ми го напишал:

„Ти дадов сè и имаш сè, се надевам дека ќе бидеш среќна затоа што тоа би ме направило среќен.“ И тогаш сфатив нешто: дека имајќи се, немам ништо ако не сум со него. Сигурен сум дека овој лош момент низ кој поминуваме ќе не зајакне како двојка и како семејство.

– Важно е дека и двајцата имавме слобода да ставиме крај на нашата 8-годишна историја, но со душа уморна од плачење, бевме слободни повторно да се избереме. Те сакам Мауро – напиша Ванда на Инстаграм.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1