ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/25/21 7:31 PM

Се зборуваше дека сака да биде момче и зема хормони – Ќерката на Анџелина Џоли со потполна трансформација

Шајло Џоли-Пит уште еднаш блесна со Анџелина Џоли на премиерата на „The Eternals“ во Рим.

Анџелина Џоли деновиве блеска на премиерите на нејзиниот нов филм „The Eternals“, но дефинитивно е во сенка на друштвото со кое се појавува на црвените килими, а тоа се нејзините прекрасни ќерки.

15-годишната Шајло Џоли-Пит, која очигледно решила да го остави зад себе својот момчешки стил и избира елегантни фустани во кои гордо позира пред објективите на фотографот, ги привлече сите погледи. Ова е големо изненадување со оглед на тоа дека сакаше да биде момче некое време, што и го потврди нејзината мајка пред неколку години.

Но, Шајло претрпе стилска трансформација и во црн фустан над колена и без ракави беше речиси непрепознатлива кога се појави на премиерата на споменатиот филм во Рим.

„Шајло сака да биде момче“, изјави Џоли за списанието „Variety“ во 2010 година, кога исто така откри дека нејзината ќерка го преиспитува нејзиниот пол уште од нејзината тригодишна возраст.

„Ја скративме косата, и купуваме облека за момчињата и се чувствува како еден од браќата“, рече тогаш нејзината мајка.

Од минатата година, Шајло стана тинејџерска ЛГБТК икона, а се пишуваше дека зема хормони за да го промени полот, но тоа никогаш не е потврдено. Нејзината промена сега ги изненади сите, но ниту Анџелина ниту Шајло сè уште јавно не кажале ништо за тоа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Шајло е во одлична врска со Бред и се пишуваше дека би сакала да живее со него по разводот на нејзините родители и дека тоа особено и недостига откако започна пандемијата на коронавирус затоа што го помина заклучувањето со Анџелина. Извор близок до нејзиниот татко открил за Дејли Меил дека Пит само сака да поминува што повеќе време со своите деца откако ќе добие заедничко старателство.

Извор: Дневник.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1