ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 9:00 AM

ГОБ „8 Септември“ и болницата во Битола најголеми должници – Клиниките и болниците тонат во долгови, должат 61 милион евра

Јавните здравствени установи во земјава тонат во долгови- имаат доспеани, а ненаплатени обврски од 61 милион евра. Пандемијата и корона-кризата дополнително ја влошија состојбата на клиниките. И покрај дополнителните финансии од буџетот за справување со пандемијата, сепак бројките покажуваат дека долговите на болбниците растат.

Податоците на министерството за финансии покажуваат дека заклучно со јуни годинава најголем долг имала ГОБ „8 Септември“ кој достигнал 4,5 милиони евра. Бројките покажуваат дека нема клиника која е на нула долгови. Кај некои се по неколку стотици илјади евра, кај други догловите се бројат во милиони евра. Од тие сместени во Скопје  речиси 1,7 милиони евра должи Клиниката за детска хирургија, Институтот за белодробни заболувања за деца во Козле должи 3,4 милиони евра, Клиниката за гинекологија и акушерство има неплатени, а доспеани побарувања од 3,25 милиони евра, Институтот за трансфузиона медицина должи 3,1 милион евра.

Податоците на министерството за финансии покажуваат дека заклучно со јуни годинава Клиниката за радиотерапија и онкологија имала долг од речиси 2,6 милиони евра, Клиниката за торакална и васкуларна хирургија од 2,44 милиони евра, Клиниката за хемотерапија од 2 милиони евра.

Унверзитетската клиника пак за трауматологија, ортопедско лекување, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар-Скопје должи речиси 3,7 милиони евра.

Додека, пак, бројките покажуваат дека ништо не е подобра ниту состојбата со болниците во внатрешноста на земјава. Така Клиничката болница во Битола до јуни годинава имала доспеани, а ненеплатени побарувања од 2,27 милиони евра, таа во Куманово должи 2,8 милиони евра, таа во Охрид има долг од 2,23 милиони евра, а во Струга од 2 милиони евра.

(А.С.)

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1