ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/21 12:50 PM

Се трупаат долговите – Државата должи над 145 милиони евра на приватниот сектор

Растат вкупните долгови на државните институции, но и тие кои ги трупаат кон приватниот сектор. Иако заложбите беа да не се доцни со исплатите кон компаниите, државата заклучно со јуни годинава им должи вкупно 145,3 милиони евра на приватните компании, здрженија на граѓани и  други непрофитни институции – покажуваат податоците на Министерството за финансии. Додека, пак, вкупните доспеани, а ненаплатени побарувања од институциите заклучно со вториот квартал се искачија на речиси 333 милиони евра.

Податоците покажуваат дека растат и вкупните долгови, но и тие кон приватниот сектор. Така 2020 година завршила со вкупни долгови на институции од речиси 290 милиони евра, од кои 120,6 милиони евра биле кон приватниот сектор. Или за само шест месеци вкупните доспеани, а ненаплатени побарувања се зголемиле за 43 милиони евра, а тие кон приватниот сектор за плус 26 милиони евра.

Ако се споредува пак со предкризната 2019 година, сотојбата е уште полоша. Тогаш вкупните долгови биле 271,5 милиони евра или 61,5 милиони евра помалку од една и пол година потоа, или заклучно со јуни годинава. А долговите, пак, кон приватниот сектор на крајот на 2019 година биле 117,7 милиони евра помали за 27,6 милиони евра.

Податоците покажуваат дека најголемиот долг заклучно со јуни годинава го имаат јавните претпријатитија и трговски друштва под државна капа кои вкупно должат 128 милиони евра. Потоа се општините со 62 милиони евра, па јавните здравствени установи со 61 милион евра, следуваат општинските јавни претпијатија со доспеани, а ненаплатени побарувања од вкупно 48,6 милиони евра.

(А.С.)

Фото: freepik.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1