ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 9:00 AM

Општините на респиратор, должат околу 62 милиони евра- Тетово на врвот со речиси 12 милиони евра

Додека трае трката за пополнување на  градоначалничките фотелји во 80 општини низ земјава плус Град Скопје, општинските каси се се попразни. Факт е дека идните градоначалници ќе наследат големи долгови- зошто гоолем дел од општините се на респиратор. Сите заедно вкупно должат околу 62 милиони евра. Толку имаат доспеани, а ненаплатени обврски заклучно со шестиот месец од годинава, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Најзадолжени општини се Тетово со долг од 11,9 милиони евра, Охрид со 6,7 милиони евра, Гостивар со 5,7 милиони евра, Карпош со 4 милиони евра, па Делчево со 3 милиони евра, Струга со 2,9 милиони евра.

Приматот најзадолжена општина припаѓа на Тетово. Таа има доспеани, а ненаплатени побарувања од 11,9 милиони евра. Податоците покажуваат дека долгот на Општина Тетово рапидно се зголемува со дополнителни милиони евра плус. Па така, ако во декември 2019 дина општината  имаше долг од 7,2 милиони евра, на крајот на 2020 година  достигна 9,8 милиони евра.Она што загрижува е што општината за само шест месеци натрупала долг од дополнителни 3,1 милион евра, за на крајот на јуни годинава да должи вкупно 11,9 милиони евра.

Охрид е втор по задолженост град во земјава со долг од 6,7 милиони евра, но таму долгот е намален за 600.000 евра од крајот на 2020 година, кога општината должела 7,3 милиони евра.

Но, тоа не е случај со Општина Гостивар која со долг од 5,7 милиони евра е трета општина која има најмногу доспеани, а ненаплатени побарувања заклучно со јуни годинава.И таму долгот вртогаво растел во милиони евра. Па, така на крајот на 20019 година општината имала долг од 1,1 милион евра, за на крајот на минатат година да порасне  на 3,5 милиони евра, за годинава за шест месеци да се зголеми за нови 2,2 милиони евра.

Скопската општина Карпош останува во топ пет најзадолжени општини со долг од 4 милиони евра, кој сепак споредено со крајот на 2020 година е намален за 1 милион евра, бидејќи тогаш изнесувал 5 милиони евра.

Но, она што загрижува дополнително се долговите на јавните претпријатија под општинските капи. Податоците покажуваат дека милионски долгови има и кај комуналните претпријатија кои треба да ги опслужуваат граѓаните во општините.

Така, Јавното сообраќано претпријатие-  Скопје има доспеани, а ненаплатени побарувања од речиси 2 милиони евра заклучно со јуни годинава. Скопски „Водовод“, пак, должи 6 милиони евра, а кумановскиот водовод речиси 8 милиони евра. Јавното комунално претпријатие, пак, од Тетово има доспеани, а ненаплатени побарувања од 4,7 милиони евра.

Списокот покажува дека речиси и да нема општина во земјава која нема доспеани, а ненаплатени побарувања. Долговите се движат од неколку стотини илјади до неколку милиони евра. Податоците покажуваат дека единствена  општина со долг од нула денари, заклучно со јуни годинава е Општина Центар.

(А.С.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1