ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/23/21 12:05 PM

(ВИДЕО) Се омажи ќерката на Пол Вокер, Вин Дизел ја одведе до матичар

Медоу Вокер, модел и ќерка на покојниот Пол Вокер, се омажи за вереникот Луис Торнтон-Алан на плажа во Доминиканската Република. Познатиот актер Вин Дизел (54) чеккорел со Медоу Вокер (22) на нејзиниот најспецијален ден и ја придружуваше до матичар осум години по страшната несреќа во која го загуби својот татко Пол Вокер. Вин и Пол беа најдобри пријатели.

Видеото и фотографиите од самата венчавка Медоу ги објави на својот Инстаграм профил. Таа со нив разгали многу фанови на филмот „Брзи и бесни“.

„Ова е толку емотивно. Тоа што Вин те придружуваше до олтарот ме расплака, „Пол е горд и многу среќен“, се само дел од коментарите.

Емотивната фотографија за само неколку часа собра повеќе од 800.000 лајкови.

Медоу Вокер имала 14 години кога нејзиниот татко загина. Тоа беше за време на снимањето на седмиот дел од франшизата, а филмот беше завршен со помош на неговите браќа Коди и Кејлеб и со употреба на CGI, пишува 24sata.hr.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

Извор: Ба.н1инфо.ком

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1