ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/23/21 10:31 AM

Облачно со дожд, од вторник со пониски температури

Променливо облачно и релативно топло. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните и североисточните делови ќе има локален дожд, а вдолж Повардарието ќе почне да дува силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има локален дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од понеделник ќе се задржи свежо време со ниски утрински температури, кои од вторник на повеќе места ќе бидат околу нулата. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1