ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/22/21 6:06 PM

Починал на лице место – Во престрелка убиен 19-годишен пејач

Наградуваниот шведски рапер Ејнар, кој имал само 19 години, е убиен денеска во престрелка што се случила во јужен Стокхолм, соопшти портпаролот на полицијата Ола Остерлинг.

Како што се наведува, Ејнар бил погоден со неколку куршуми и починал на лице место, а постои сомневање дека се работи за поврзаност со криминална банда, пишуваат странските агенции.

Полицијата трага по најмалку двајца осомничени, мотивот се уште е нејасен, но она што е познато е дека раперот неодамна добивал закани и дека овој случај е поврзан со тоа.

Шведска, наводно, забележала зголемена активност на организираниот криминал во последниве години, а неколку престрелки поврзани со криминални групи се случиле неодамна во Стокхолм, Гетеборг и Малме.

Извор: Еспресо.ко.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1