ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/22/21 1:47 PM

Фудбалерите ќе му покажат црвен картон на национализмот и расизмот – ФФМ ја одбележува неделата на фудбалски луѓе

Неделата на фудбалски луѓе #FootballPeople е отворена за секого, без разлика кој сте и каква е вашата улога во фудбалот. Поддржувачите, играчите, клубовите, етничките малцинства. ЛГБТ+ групите, женските групи, активистите, училиштата и невладините организации преземаат активна улога. #FootballPeople активностите се обединети во нивната љубов кон играта и вербата дека фудбалот им припаѓа на сите и може да се искористи за да се создадат позитивни промеени. Сакаме да бидете вклучени без оглед на потеклото, расата, религијата, полот или сексуалноста.

Во последниве години активностите се одвиваат низ целиот свет, во Аргентина, Бразил, Камерун, Мексико, Виетнам, Тајланд, САД и Јужна Африка, поддржани од некои од најголемите ѕвезди во фудбалот како што се Јаја Туре, Икер Касилјас, Дидие Дрогба, Томас Хицлпергер, Марко Верати, Клаудио Маркизо и Едисон Кавани.

Во Република Северна Македонија, Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Македонскиот Центар за Култура и Развој оваа недела ја одбележува преку настан кој ќе биде одржан пред почетокот на натпреварите во Првата фудбалска лига на 24 октомври  во недела, кога фудбалерите и судиите, сите заедно симболично ќе покажат црвен картон на национализмот и расизмот во фудбалот. Постојаната грижа за надминување на сите видови на препреки, дискриминација, ограничувања и насилство на фудбалските терени е наша постојана заложба и на сите видови вакви активности, Фудбалската федерација на Македонија дава целосна подддршка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1