ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/22/21 9:26 AM

Викинзите стигнале до Северна Америка пет века пред Кристофер Колумбо – Ново истражување покажа дека сме биле во заблуда

Викинзите изградиле населба на северноамериканското тло пред 1.000 години, неколку века пред да пристигне италијанскиот морепловец и истражувач Кристофер Колумбо во овој дел од светот, покажа ново истражување.

Нова техника со радиоактивен јаглерод Ц-14, којашто ги користи сончевите бури во историјата што точно може да се датираат, како и годовите на дрвото за изградба, потврди дека Норманите стигнале до Њуфаундленд (Канада), уште во 1021 година. Одамна е познато дека Европејците стигнале до Америка пред Колумбо и пошроката европска јавност да дознаат за Новиот Свет во 1492 година. Меѓутоа, сега првпат некој излезе со точно утврден датум.

Наодот е објавен во списанието „Нејчр” (Nature).

„Подробно истражување на канадските паркови му претходеше на поврзувањето на овие објекти со древните народи на северот. Дрвените предмети несомнено се обработувале со метален алат”, се вели во студијата.

Според наводите, Ланс о’Медоуз на самиот север на островот Њуфаундленд е првата и досега единствената откриена викиншка населба во Северна Америка, но и најстариот доказ за освојувањето на Новиот свет од Европејците.

МИА

 

фото: www.nydailynews.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1