ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/22/21 9:10 AM

Фудбалерките од А репрезентацијата на Македонија со убедлива победа над Летонија

Женската А репрезентација на Македонија ја забележа првата победа од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023 година.

Македонија славеше со убедливи 4:1 над аутсајдерот во групата, селекцијата на Летонија.

Рочи рано во 9. минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Андонова во 28. минута. Само две минути подоцна противникот успеа да го намали резултатот и за момент да ја врати неизвесноста во мечот. Стрелец на погодокот беше Баличева.

Во продолжението од средбата, избраничките на Кирил Изов постигнаа уште два погодоци. Максути погоди во 51. минута за убедливи 3:1. Конечните 4:1 ги постави нашиот капитен и најдобар играч, Андонова. Воедно тоа беше и вториот гол на вчерашната средба за фудбалерката на Леванте.

Ова беше вчерашниот состав на македонската репрезентација-Лековска, Чубрина, Положани, Милеска, Николовска, Шемсовиќ, Мустафа, Салихи, Андонова, Максути, Рочи.

ФФМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1