ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/22/21 7:30 AM

Направете француска салата, повкусна не сте пробале

Француската салата не е омилена само за празници, туку може да се јаде и кога ќе посакате. Ви предлагаме рецепт за француска салата, највкусна што воопшто сте пробале.

Потребно: 450 гр. замрзнат или свеж зеленчук (моркови, компири, грашок), 6-7 јајца, 1 јаболко, мајонез околу 200 гр, 1 кафена лажичка сенф, 330 гр, кисели краставички, лажица сув зачин.
Подготовка: Сварете го замрзнатиот или свеж зеленчук во вода во која сте додале една лажица сув зачин, 8-10 минути. Јајцата посебно сварете ги во солена вода да бидат „тврди“, па исчистете ги и исечкајте ги. Јаболкото излупете го и исечете го на мали коцки, исечете ги и киселите краставички. Измешајте го зеленчукот со краставичките, јајцата и јаболката. Додадете мајонез и сенф. Убаво измешајте ги сите состојки и ставете ја салатата во фрижидер да се излади и да ги впие состојките.  Ова е основата за оваа салата, секако рецептот е приспособлив, па слободно внесете ја вашата креативност и препуштете се на вашата фантазија. Во мајонезот, измешајте, на пример, ситно сечкан магдонос, босилек, млад кромид, каперс или по желба додадете повеќе кисели јаболка, павлака или повеќе сенф или кисели краставички.

Извор и фото: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1