ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/21/21 3:52 PM

Во Сирија погубени 24 лица и уште 11 осудени на доживотен затвор за подметнување шумски пожари

Во Сирија се погубени 24 лица осудени за подметнување шумски пожари, соопшти Министерството за правда.

Во соопштението се наведува дека се „погубени криминалци кои извршиле терористички напади што доведоа до смртни загуби и уништување на инфраструктурата и јавниот имот“.

По истата основа, уште 11 лица беа осудени на доживотен затвор.

Во минатогодишните шумски пожари загинаа три лица, а изгореа илјадници хектари шума.

Егзекуциите се вообичаени во Сирија, но бројот на егзекуции денес е поголем од вообичаеното.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7