ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/21/21 7:44 AM

Во услови на кампања и во двете земји, денес и утре ќе заседава македонско-бугарска комисија за историски прашања

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 15. состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот. Средбата ќе се одржи во изборен период во двете земји – кај нас заврши првиот круг од локалните избори и тече кампањата во пресрет на вториот круг, а во Бугарија во тек е кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември.

На претходниот 14. состанок што се одржа на 10 и 11 јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега. На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораките за нивно подобрување при што двете страни размениле предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование.

„ Од македонска страна беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи. За жал, очигледно е отсуството на волја кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение  преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата „историска вистина“. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем, брифира тогаш од македонскиот тим за МИА.

Во однос на дискусијата за заедничките чествувања, Комисијата отвори дискусија и за Григор Прличев, откако претходно бугарската страна не прифатила оваа личност да биде чествувана од страна на Северна Македонија, Бугарија и Грција.

MIA

foto-biznis katalog


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1