ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/20/21 11:02 AM

Се вдоми питбулката Етна

Питбулката која со денови талкаше низ скопската населба Гази Баба и беше донесена во ЈП Лајка од хуман граѓанин, конечно си ја пронајде својата среќа, информриаат од Лајка.

„Човекот кој ја вдоми и се грижи за Етна, е неизмерно благодарен на нашето прифатилиште, кој му овозможи да биде новиот сопственик на ова прекрасно милениче. Сега двајцата уживаат во долгите утрински и ноќни прошетки во природа“, истакнаа од Лајка.

Прифатилиштето ЈП Лајка се приклучува во одбележување на Октомври – Светскиот месец за подигнување на свеста и одговорноста за чувањето на расата пит бул со своја кампања.

„Целта за одбележување на овој месец е градење на одговорно сопствеништво и подигнување на свеста кај сите сопственици на оваа раса, бидејќи за жал поради својата природа и карактеристики овие кучиња се користат нелегално за борби“, велат од Лајка во соопштението до медиумите.

ЈП Лајка која преку својата програма се бори и залага за хуман третман и благосостојба на кучињата до сега има спасено десетина кучиња од оваа раса кои беа злоупотребувани и малтретирани за борби.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1