ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/20/21 11:00 AM

Ем без пари, ем без греење – Пензионери од Кичево уплатиле за дрва што се уште не ги добиле

Дел од кичевските пензионери кои пролетта се пријавија за огревно дабово дрво на осум еднакви рати, побараа поврат на парите што ги уплатиле зашто се уште не е извршена испораката. Од Здружението на пензионери во Кичево се немоќни да интервенираат бидејќи испораката не зависи од нив туку од Подружницата на Шумското стопанство „Лопушник”-Кичево.

-И покрај сите договори и преговори, дабовото огревно дрво да им се испорача на нашите пензионери во што побрз рок, подружницата на „Лопушник” не е во можност и во првата декада на октомври  да ги испорача целокупните количества, и денес останаа неиспорачани над 300 кубици огревно дабово дрво, кое никој не може со сигурност да потврди кога ќе биде испорачано, истакнуваат од кичевското Здружение на пензионери.

Револтирани од се уште неизвршената испорака, дел од пензионерите дополнително запишаа испорака на буково дрво, а дел од нив побараа поврат на парите кои ги уплатиле за дабово дрво.

-Немајќи друг излез, дел од нашите пензионери наместо дабово огревно дрво  дополнително запишаа буково дрво, кое можеше да се испорача во оптималниот рок, а дел од нив кои настојуваат да добијат огревно дабово дрво, поради се уште неизвршената испорака, одлучија да си ги повратат средствата што ги уплатиле. Овие денови нашето седиште го посетија повеќе пензионери на кои им беа вратени парите кои ги уплатиле во изминатите осум месеци за огревно дабово дрво, додаваат од Здружението.

 

МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1