ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/20/21 8:14 AM

Од утре и Бугарија воведува зелени пасоши, без нив нема влез во затворен простор

Зелениот пасош ќе биде потребен за влез во затворени простории  како што се ресторани, кина, спортски сали, трговски центри, објави денеска бугарскиот министер за здравство Стојко Кацаров.

Од 21 октомври, секој што сака да ги посети затворените јавни простори, вклучително и кафулиња, хотели, концертни сали, музеи и базени, ќе треба да покаже зелен пасош, им рече министерот Кацаров на новинарите.

Здравствена исправа, дигитален или хартиен сертификат со штосе  покажува дека едно лице е вакцинирано, тестирано е негативно или неодамна се заразило со вирус, првично беше замислено да го олесни патувањето меѓу земјите на Европската унија.

Министерот Кацаров, упати порака до сите они што не се вакцинирани да го направат тоа, за заштита на сопоственото и здравјето на другите.

„Бројот на заразени и смртни случаи расте.Тоа не натера да преземеме дополнителни мерки“, додаде Кацаров.

Бугарија е земја со најмалку вакцинација од земјите на Европската унија и забележа највисока стапка на смртност во Унијата во последните две недели.

Само 25 проценти од седумте милиони луѓе во Бугарија примиле една доза вакцина против коронавирус, што е многу под просекот на ЕУ од речиси 80 проценти.

blic.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1