ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 3:02 PM

Заев е антиматематика, рече Мицкоски, објаснувајќи ги можните комбинации за вториот круг од изборите

-Јас не можам да ги коментирам и не сакам да ги кометирам математиките на Заев и СДСМ бидејќи тој е антиматематика, рече Мицкоски на денешната прес конференција одговарајки на новинаско прашање за калкулациите за вториот круг.

-Она што е вистинска математика е 22 наспроти девет општини, 55.000 гласа предност, повеќе од 70 советника предност и тоа е вистинската математика и во таа математика ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија е недвосмилен победник. Реков, очекувајте во вториот круг бруталност од полицијата, од лугето по улиците  кои и во овој момент работат за да придвижат повеќе гласови за СДСМ, а се однесуваа насилно да  бидат уште понасилни за да придвижат повеќе гласови, бидејки се во паника, знаат дека ги губат озборите. Затоа таа антиматематика нема да ја коментирам, ова е вистинската математика која јас зборувам, рече Мицковски и упати апел за обединување во вториот круг до опозициските партии, вклучувајки ја и Левица, но и до оние, кои се дел од владејачкото мнозиство и кои мислат да мигрираат до некое ново парламентарно мнозинство.

Мицковски рече дека раководството нема донесено одлука дали ќе ги поддржи кандидатите во тие општини каде има кандидати кои не се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ или не се дел од коалицијата Алтернатила и Алијанса кого ќе поддржат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1