ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 2:16 PM

Од 8 до 14 октомври од ковид-19 починале 105 лица, вакцинирани биле само 26

Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти од ковид-19 во период од 8 до 14 октомври само 26 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години, информира Министерството за здравство.
Од 26-те починати вакцинирани лица, двајца биле со вакцината на „Фајзер“, тројца со „Астра Зенека“, четворица со „Синовак“, а 17 со „Синофарм“.
На 8 октомври пријавени за починати се 16 пациенти, од кои 5 биле вакцинирани; тројца на возраст од 84, 62 и 78 години имале кардиолошко заболување, а двајца на возраст од 63 и 73 години имале кардиолошко заболување и дијабетес. На 9 октомври пријавени се 18 починати пациенти, од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и две хронични заболувања, дијабетес и кардиолошко заболување.
На 10 овој месец се пријавени за починати 14 пациенти. Тројца од нив биле вакцинирани: еден на возраст од 64 години имал кардиолошко и малигно заболување, еден од 59 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 68 години имал кардиолошко заболување и дијабетес.
На 11 октомври пријавени за починати се 18 пациенти. Од нив шест биле вакцинирани: еден на возраст од 72 години имал кардиолошка и белодробна болест, еден од 69 години имал кардиолошка болест, еден од 81 години имал кардиолошка болест и дијабетес, двајца на возраст од 56 и 76 години имале кардиолошко заболување, и еден на возраст од 64 години имал белодробно заболување. На 12 октомври пријавени за починати се шест пациенти од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и немал нема хронично заболување.
На 13 октомври починале 20 пациенти,осум биле вакцинирани: четворица на возраст од 48, 77, 78 и 80 години имале кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес, еден на возраст од 61 година имал кардиолошко заболување и хипотироидизам, еден од 72 години имал кардиолошко заболување, дијабетес и бубрежно заболување, еден на возраст од 77 години имал кардиолошко и белодробно заболување и еден на возраст од 71 година имал кардиолошко заболување. На 14 октомври пријавени за починати се 13 пациенти. Од нив четворица биле вакцинирани: двајца на возраст од 64 и 74 години имале кардиолошко заболување и дијабетес, еден на возраст од 75 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 77 години имал невромускуларно заболување, информираат од Министерството за здравство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1