ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 12:27 PM

Утре почнува скринингот на учениците за корона: Први ќе се тестираат средношколците во Скопје

Во девет средни училишта во Скопје утре ќе почне скринингот на учениците за ковид-19. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа. За ова денеска информираа од Министерството за здравство од каде посочуваат дека тестирањето ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута.

Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на kовид-19 меѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата – информираат од Министерството за здравство и апелираат на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност.

Скринигот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата, сметаат оттаму.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1