ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 11:07 AM

Почина новинарот Никола Талевски

Утрово во Битола, на 81. годишна возраст, по кусо боледување, почина доајенот на битолското и македонско новинарство Никола Талевски.

Талевски во професионалната кариера работеше како новинар дописник на Македонската телевизија, а по пензионирањето го основа битолскиот „Инфо магазин“.

М-р Никола Талевски соработуваше со повеќе медиумски редакции, со „Остен“, „Радио Битола“, МИА, Радио Белград…пишуваше хуморески, афоризми и сатирични текстови, а објавил пет книги, односно „ Шегалџилница“, „И не мисли на грев“,  „Еротски кажувања“,  „Перење на мозокот“ и „Ветрокази“, а објавил и повеќе библиографски единици. Талевски од 1987 година беше член на Македонско научно друштво-Битола.

Погребот на Никола Талевски ќе се изврши утре напладне на Буковските гробишта во Битола.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1