ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 10:02 AM

Безбедна и квалитетена е водата за пиење во Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.10.2021 до 15.10.2021 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1