ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 9:55 AM

ОН: Топењето на глечерите во Африка, закана за опстанокот на 118 милиони луѓе

Познатите африкански глечери ќе исчезнат за две децении, 118 милиони сиромашни луѓе непосредно се соочуваат со суши, поплави или екстремни жештини, а климатските промени исто така би можеле да доведат до 3 отсто намалување на бруто домашниот производ на ниво на целиот африкански континент, предупреди климатската агенција на ОН.
Најновиот извештај на Светската метеоролошка организација (ВМО) за климата во Африка, изработена во партнерство со агенции на Африканската унија, дава застрашувачки слики на неспособноста на континентот да се приспособи на сѐ почестите временски катастрофи.
„Брзото топење и исчезнувањето на последните останати глечери во Источна Африка, за кои се очекува наскоро целосно да се стопат, ја отсликува заканата за неповратни промени во системот составот на Земјата“, предупреди генералниот секретар на ВМО, Петери Талас.

Извор и фото: rtv.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1