ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 8:13 AM

Сончево време и темепратури до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец – прогнозира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од два до девет, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне 18 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток. Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат од сабота.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1