ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/21 7:42 AM

Се разведува по само една година брак – Трет развод на холивудскиот заводник Шон Пен

Еден од најпознатите актери во Холивуд, славниот Шон Пен (61), се разведува од австралиската актерка Лејла Џорџ (29) по нешто повеќе од една година брак. Според странските медиуми, актерката поднела барање за развод од 32-годишниот Пен. Двајцата се венчаа во јули 2020 година и организираа интимна церемонија во присуство на најблиските. За свадбата не се знаеше, а пријателите почнаа да им честитаат пред Пен да потврди дека е во брак.

Ова е трет брак на славниот актер, бидејќи беше пред олтар со Мадона и актерката Робин Рајт, со кого има и две деца.

Шон Пен е еден од најголемите холивудски заводници, а по бракот со Робин, тој беше заљубен во многу познати убавици, како супермоделот Петра Немкова, манекенката Џесика Вајт. Се поврзуваше и со Натали Портман и Скарлет Јохансон, а се вери со една од најубавите жени во светот, актерката Шарлиз Терон, со која раскина пред пет години.

Извор и фото: mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1