ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/21 6:59 PM

Индијка стана мајка на 70 години

Станувањето мајка е нешто за што сонуваат многу жени ширум светот, за некои од нив тој сон ќе се исполни во поодмината возраст, а еден од нив е Индијката Јивунбен Рабари кој стана мајка на 70 -годишна возраст.

Рабари, која за медиумите изјави дека нема документ за идентификација, но дека има 70 години, по оплодување со ин витро, роди момче и со тоа стана мајка за прв пат.

Јивунбен Рабари, од Гуџарат, е во брак со Малдари (75) веќе 45 години. Долго време сонуваа за семејство и деца, но тој сон не беше остварен порано.

Нејзиниот лекар Нареш Банушали рекол дека на парот кога дошле во болница им било кажано дека не можат да имаат деца, но дека тие не сакале да се откажат туку да се обидат со терапија како и другите парови.

Тој посочува дека ова е еден од најретките случаи со кои се сретнал досега.

Видеото можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Извор: Ба.н1инфо.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1