ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/21 4:59 PM

За 24 часа починаа 19 лица од Ковид-19, нови 107 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени 1668 тестирања, регистрирани се 107 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2. Оздравени се 247 пациенти, а пријавени се 19 починати лица.

Министерството за здравство информираат дека од позитивните најмногу се во Скопје – 83, Прилеп – 6, Куманово и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Неготино – 2, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

Од починатите, 12 се од Скопје, на возраст 86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г, две починати лица од Куманово 71г и 42г и по едно починато лице од Богданци 70г, Велес 73г, Гевгелија 69г, Кичево 69г и Македонска Каменица 87г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.  Дополнително, согласно Регистарот, умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, од Министерството соопштија дека пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 16 септември 2021 до 4 октомври 2021 година. Од нив двајца починати се од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197. Бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1