ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/21 11:31 AM

Последиците од корона траат и со месеци по прележувањето: Експертите ги открија симптомите на „долг ковид“

Експертите ги открија најчестите симптоми на „долг ковид“, кои може да траат и месеци по прележувањето на коронавирусот.

Вирусот завладеа низ целиот свет, во текот на изминатата година ипол тој мутираше, почнаа да се јавуваат нови симптоми, а лекарите предупредуваат дека некои луѓе дури и откако ќе оздрават со месеци имаат симптоми. Научниците од Медицинскиот факултет во Пенсилванија утврдиле дека повеќе од половина од вкупно 236 милиони луѓе на кои им бил дијагностициран ковид-19 во декември 2019-та, имале постковид симптоми и шест месеци по оздравувањето.

Тие откриле кои се симптомите кои најчесто се јавуваат:

Замор

Повеќе од половината кои прележале ковид, како симптом пријавиле хроничен замор. Тоа не е само чувство на поспаност, туку замор поради кој може да ви биде тешко дури и да извршувате најобични дневни обврски. Некои пациенти го споредиле со заморот кој се јавува по напорен тренинг. Исто така, тие изјавиле дека по кратка прошетка или миење садови се чувствуваат ужасно уморни во следните 24 до 48 часа.

Болка

Американскиот епидемиолог д-р Ентони Фаучи веќе некое време предупредува на мијалгија, односно болка која се јавува како симптом на „долг ковид“. Болката може да се јави каде било – во грбот, стомакот, градите или главата, а пациентите имаат  и ужасни мигрени.

Губење килограми

Повеќе од половината луѓе кои оздравеле од корона пријавиле губење килограми. Не е необично пациентот да ослабне откако бил инфициран бидејќи го губи апетитот, но кај ковид е малку загрижувачки затоа што тоа може да трае со месеци.

Проблеми со концентрацијата

Проблемите со концентрацијата односно губењето памтење се јавуваат кај еден од четворица кои прележале ковид. Кај некои овој симптом е толку изразен што им е тешко да пишуваат и да разговараат.

Останати симптоми

По спроведената студија, Медицинскиот факултет во Пенсилванија предупреди и на следните симптоми на „долг ковид“:

Проблеми со менталното здравје – Отприлика еден од три пациенти има проблем со анксиознот по прележана корона

Кардиоваскуларни проблеми – Болка во градите и забрзана работа на срцето се меѓу најчесто пријавуваните кардиоваскуларни симптоми

Кожни проблеми – Еден од пет пациенти пријавува опаѓање на косата или осип на телото со месеци по ковидот

Дигестивни проблеми – Болка во стомакот, намален апетит, дијареа и повраќање се исто така меѓу најчестите симптоми.

 

Извор:  srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1