ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/21 12:35 AM

Борбата продолжува бидејќи злото се заканува, рече Заев

СДСМ и коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во земјава – изјави вечерва партискиот лидер, Зоран Заев на прес конференцијата која се одржа во партиското седиште триесетина минути по полноќ.

„Најдоброто победува и води пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини и во Градот Скопје. СДСМ победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македнска Каменица, Богданци, Берово, Пробиштип, Пехчево, Маврово Ростуше, Росоман, Чашка, Арачиново, Демир Капија, Демир Хисар,  Кривогаштани, Старо Нагоричане, Долнени, Куманово и се разбира, Скопје.  Таму каде што води ВМРО-ДПМНЕ  и влегува како прв во вториот круг видете ја структурата на гласови и ќе видите дека кандидатите од нашите коалициони партнери одземаат сериозен број гласови“, додаде Заев.

Тој рече дека им претстои сериозна борба и дека со коалицијата влегуваат во втор круг во вкупно 36 општини плус Градот Скопје.

„Главата горе, на крајот СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Затоа Мицкоски бараше избор на градоначалници во првиот круг, свесен за тоа што ќе се случи во вториот. Прогресивниот глас се обединува за вториот круг, за да ја обезбеди иднината на татковината. Јасна е пораката од народот, и таму каде што победивме и таму каде што не победивме. Народот сака уште повеќе работа и уште повеќе резултати. Тие резултати се можни само со локални самоуправи кои сакаат да одат напред. Борбата продолжува, прогресот се обединува бидејќи злото се заканува“, потенцираше Заев.

 

(В.Ми)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1