ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/21 12:19 AM

Заев е на буништето на историјата: Апасиев прогнозира предвремени парламентарни избри

Заев е веќе на буништето на историјата – порача лидерт на Левица, Димитар Апасиев кој вечерва на полноќ се обрати на прес конференција. Тој рече дека се задоволни од резултатите кои ги постигнале со своите кандидати на овие локални избори, потенцирајќи дека кандидатите на Левица речиси секаде се на трето место и иако не одат во вториот круг, влегуваат во советите.

„Левица во Советот на Град Скопје влегува со најмалку пет советници, а во целата држава ќе има 50 до 60 советници. Притоа, нагласувам дека Левица учествуваше со свои листи во 38 општини, а не во сите општини”, нагласи Апасиев.


Прашан од новинарите дали ќе поддржат кандидати на други партии во втриот круг, тој рече дека не верува во коалицирање, но сепак посочи дека одлуките ќе ги носи партискиот Президиум.

„Како и да, евидентно е проопозициското расположение на граѓаните и работите водат кон предвремени парламентарни избори. Но, и да нема наскоро избори за Собранието, постои и опција за ново парламентарно мнозинство, а тоа значи пад на власта на Заев’“, додаде Апасиев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1