ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/17/21 10:13 PM

Кочи Мицко – рече Николовски и ги наброја општините каде што водат во првиот круг

Локалните избори секогаш имаат втор круг, затоа, кочи Мицко – порача на прес конференција пред малку, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој рече дека социјалдемократите имаат водство во најмалку 25 општини и му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека изборите не се арена за навивање.

И покрај тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека нивната кандидатка Данела Арсовска води пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, Николовски го тврди сосема спротивното.

„СДСМ победува во Скопје, Шилегов ќе биде новиот градоначалник бидејќи води во првиот круг. Победува и води во најмалку 25 и повеќе општини – Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Берово, Кривогаштани, Карпош, Центар, Пробиштип, има голема предност во Пехчево, Шуто Оризари,  Демир Капија, Демир Хисар, Македонска Каменица, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане. Убедливо водиме и во други македонски општини како Куманово, Долнени, Дебарца и Струга“, додаде тој на вечерашната прес конференција, втора по ред по затворањето на гласачките места.

 

(В.Ми)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1