ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/17/21 7:34 PM

Цвеклото не е добро само за крвната слика

Цвеклото е зеленчук кој треба да се внесува во секојдневната исхрана. Особено во текот на студените денови, цвеклото е зеленчук кој треба да се најде на трпезата бидејќи е исклучително здрав. Благодарение на тоа што содржи многу витамини, цвеклото го чува нашиот организам и ја зајакнува крвната слика. Се препорачува за луѓе со анемија, но исто така ги зајакнува и косата и кожата.

Доколку имате проблем со опаѓање на косата се препорачува да пиете сок од свежо цвекло, богат со протеини, калциум, како и со витамините Б и Ц. Сите овие состојки ја подобруваат циркулацијата на скалпот, а исто така го стимулираат и растот на косата.

Цвеклото може да се користи и за нега на кожата – исцедете сок од цвекло со средна големија и со помош на памук поминете преку лицете. Измијте го по 10 минути со благ сапун. Ваквиот третман правете го еднаш неделно по можност пред спиење, а кожата ќе ви биде значително посвежа. Исто така, сокот од свекло може да ви помогне и доколку имате дамки на лицето.

Фото: Илустрација / Nick Collins, Unsplash

Извор:    b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1