ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/17/21 5:21 PM

Карбинци рекордер во излезноста во Штипско со 58 отсто

Без поголеми технички проблеми течат Локалните избори во Штип, Карбинци, Свети Николе и Пробиштип. Од овие четири општини рекордер во излезноста е малата рурална Општина Карбинци, каде што до 17 часот гласале 58 отсто од граѓаните, а во оваа општина има вкупно 3.215 гласачи.

Во Штип, според најновите податоци на Државната изборна комисија, гласале 29.794 граѓани или 43 отсто од вкупниот број на граѓани со право на глас, во Пробиштип на гласачките места излезноста е 55 отсто, а во Свети Николе, каде право на гласа имаат 14.567 граѓани, на гласање излегле 51 отсто.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека засега немаат пријавено инциденти на гласачките места.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1