ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/17/21 5:14 PM

Некои избирачки одбори сами одлучиле да се гласа на стариот начин без уредите за отпечатоци од прст, Даштевски ги прекори дека гласањето може да биде поништено

Согласно податоците од Државната изборна комисија, до 17 часот во земјава гласале вкупно 41,39 отсто од гласачите.

Податоците се добиени од обработени 72,42 отсто од избирачките места.

Претседателот на ДИК, Даштевски, на последната прес-конференција информираше дека има дојави оти на некои избирачки места, членовите на Избирачките одбори сами одлучиле гласачите да гласаат на стариот начин, со УВ ламба и спреј.

Ваквите одлуки како што вели тој се незаконски и ги прекори дека им треба дозвола од ДИК и оти не смеат самите да одлучуваат дали ќе ги користат или не апаратите за отпечаток од прст. Во спротивно вели гласањето на овие места може да биде поништено.

ДИК поради проблеми со апаратите за отпечатоци одобри гласање без нив, односно со УВ ламба и спреј, на шест избирачки места.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1