ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/17/21 3:03 PM

Излезноста до 15 часот е над 32 отсто, гласањето на повеќе места ќе биде продолжено

Излезноста до 15 часот е  нешто над 32 отсто. Најголема излезност има во Новаци, Демир Хисар, Лозово и Вевчани, над 50 отсто. Најмала,пак, во Гостивар, Желино, Боговиње, Врапчиште, секаде под 25 отсто.

Проблемот со гужвите кои се ствараат пред избирачките места тешко се надминува, вели претседателот на ДИК Даштевски.

-Тоа е така од повеќе причини. Избирачкиот список има повеќе страни бидејќи има рекорден број листи и поради тоа проверката трае повеќе време. Од друга страна преку една третина од отпечатоците кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето оди поспоро или не ни може да се утврди па ги оставаме настрана. Исто така и поради ковид-мерките, рече Даштевски на прес-конференција.

Освен онаму каде гласањето беше прекинато на одредено време поради техничките проблеми со биометриските уреди, гласањето ќе се продолжи и секаде каде ќе има луѓе кои во 19 часот чекаат во просториите за гласање или во дворот.

Прекини во гласањето имаше во по едно избирачко место во Боговиње, Бутел, Гевгелија, Гостивар, Дебарца, Демир Хисар, Липково, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Радовиш, Росоман, Сопиште, Сато Нагоричане, Струга, Струмица, Студеничани, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево.

На седум од овие места се гласа на стариот начин, со УВ ламба и спреј.

До ДИК досега се стигнати 134 приговори од кои 63 се прифатени, а 10 одбиени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1