ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/16/21 5:01 PM

Чудни приказни за добитници на лотарија-едни ги трошат парите за фарма за свињи, други за јавен тоалет

Луксузен одмор, скапа облека, нов автомобил…можностите се бесконечни кога станувате милионер. Но, некои од среќниците кои станаа милионери преку ноќ, не купија ниту еден од вообичаените луксузни предмети. Британски „Сан“ објави некои од најневообичаените први „инвестиции“ на новите милионери.
Милиони фунти потрошени на свињи
Кога нејзините броеви беа извлечени на лотарија во јануари 2010 година, Сузан Хардман работеше како фризерка во Еардисли и едвај преживуваше финансиски. Но, наместо да се расфрла со луксузната добивка од 1,2 милиони фунти, Сузан ги смени ножиците со комбинезони и стана фармер на свињи. Таа тврди дека тоа ја направило посреќна од било кога. Особено е среќна што е присутна кога се раѓаат млади прасиња, што и донело „повеќе задоволство“ отколку добивањето на лотарија, рече таа. „Бев совршено дотерана, облеката и шминката секогаш беа избрани внимателно – сега секогаш мирисам на свињи. Иронично, овие денови купувам најмногу облека во користени добротворни продавници … Пријателите мислат дека сум луда “, изјави таа за Дејли Меил во интервју во 2015 година.
Реновиран јавен тоалет
Дел од 18 -те милиони фунти освоени на лотаријата, пензионерите Денис и Ширли Банфилд одлучија да го дадат за реновирање на јавниот тоалет. Двојката од Винтерборн во Бристол платила за нови тоалети во локалниот центар. Тие сакале некако да надоместат за тоа што биле на ова место за време на бројни прослави, свадби, годишнини и детски забави. Па, донирале 20.000 фунти.
Бисквити за кучиња
Трејси Филд беше самохрана мајка на три деца со три работни места пред да победи на националната лотарија во 2008 година. Покрај финансиските проблеми, таа се бореше со ракот кој и беше дијагностициран една година порано. Откако сфатила дека освоила 2,5 милиони фунти, Трејси се чувствувала „принудена да излезе и да си купи нешто. „Отидов во Теско со пижами на полноќ и купив кутија бисквити за кучиња, бидејќи не можев да смислам што друго што да купам“, рече таа за Мирор. По скромното прво купување, Трејси купила куќа со три спални соби вредна 430.000 фунти за да ги обезбеди своите синови, а покрај тоа си обезбедила и приватна медицинска помош.
Операција на гради
Сара Кокингс од Витли Беј освоила неверојатни 3 милиони фунти во април 2005 година, кога имала само 21 година. Таа тврдеше дека „живее многу нормален живот“ и покрај нејзиното огромно богатство, а откако добивката ја стави доби на сметка, им плати на своите сестри за операција на градите. „Веднаш откако победив, ги платив операциите на сестрите, а сега и сама се оперирам бидејќи моите гради се уништени од доењето“, рече таа за Дејли Меил 2019. Исто така, се вратила на факултет за нејзината мајка да има слика од неа по дипломирањето. Осум години по добивката на лотаријата, таа одлучи да ја напушти својата работа како социјален работник и да се занимава со мода, каде ја најде својата најголема среќа.
Приватното игралиште за куче
Феј и Ричард Дејвис ја пронајдоа Луси „гладна и преплашена“ откако беше „напуштена на планина“ во Брекон Биконс, Велс, во 2018 година. Неколку недели подоцна двојката освои милион фунти. Откако сфатиле дека Луси се плашела да оди на прошетка, платиле 20.000 фунти за приватно игралиште. „Се плашеше од луѓе, други кучиња и вода, така што шетањето беше кошмар. Неколку недели по нашата победа, имаше мала парцела на продажба, веднаш до патот, па ја купивме за Луси. Оттогаш е среќна и безгрижна, па дури и научи да игра со други кучиња “, изјавила Феј за Мирор.

Извор: vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1