ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/16/21 1:00 PM

Цикоријата е добра замена за кафето, но е и многу лековита билка

Исто како и кафето, оваа напивка може да ја задоволи вашата утринска потреба од кафе, а воедно и да влијае врз метаболизмот и поттикнување на слабеењето. Исто така може да влијае позитивно и превентивно врз многу заболувања.
За лековитите својства на Цикоријата, (lat. Cichorium intybus) повеќегодишна билка позната и како коњска трева, знаеле уште старите Грци, Римјани и Еѓипќани и многу ја ценеле. Се применувала за лекување на жолтица, болести на црниот дроб, гихт и ревматизам.
Таа може да се јаде и како салата или додаток на многу јадења, но најпозната е како напиток, односно замена за кафе. Французите уште во 19 век почнале да ја одгледуваат и да ја пијат како дополна на кафето.
Руската нутриционистка Татјана Залетова ја препорачува Цикоријата како „психолошка“ замена за кафе, во неа нема кофеин, но по вкус и мирис многу потсетува на кафето.
Се препорачува за лица болни од висок крвен притисок, остеопороза или кои имаат: недостиг на калциум, витамини, хроничен замор, висок холестерол, Цикоријата го намалува и ризикот од срцеви заболувања и од мозочен удар.

Помага при проблеми со варење
Цикоријата помага при појавата на желудочна киселина, запек и други проблеми при варењето. Ја подобрува цревната перисталтика и лачење на соковите од желудникот.

Го намалува стресот
Благодарение на ликтицинот, цикоријата делува седативно, го смирува телото и умот. Со нејзино консумирање ќе го намалите стресот, анксиозноста, немирот и несоницата.

Делува врз несоница и е добар избор за дијабетичари

Цикоријата содржи олигофруктоза и инсулин кои учествуваат во регулација на грелините, хормоните за глад. Со регулирање и намалување на количествата на овој хормон се намалува чуството на глад и постојаната потреба за храна. Цикоријата создава чувство на ситост и помага при слабеење.

Извор и фото :espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1