ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/15/21 8:51 PM

Обвинителството поведе постапка против лицето од Лозово кое давало поткуп во врска со изборите

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело „поткуп при избори и гласање“. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот.

Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот – соопштија од Јавното обвинителство.

– Осомничениот е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по три илјади денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот, се вели во вечерашното соопштение од Обвинителството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1