ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/15/21 2:02 PM

(ВИДЕО) 1 година ЈП Лајка

ЈП Лајка прославува една година постоење. Податоци од ЈП Лајка за изминатата година од 14 ти до 14 октомври оваа година велат дека се заловени 823 кучиња, 312 стерилизирани, 361 кастрирани, 5 угинати, 15 еутанизирани, 32 вратени на сопственици, 48 вдомени, 587 вратени на локација, водомени во Скопје 120, вдомени во странство 48, напуштени со микрочип 17.

Град Скопје е првиот град во регионот и пошироко со сопствено јавно претпријатие за улични животни. ЈП Лајка е многу повеќе од стационар, тоа веќе почна да се развива како место каде се пружаат различни услуги како вакцинација, чипирање, стерилизација, престојувалиште, социјализација, игралиште, посвојувалиште итн. Новиот објект на ЈП Лајка е уреден и опремен по сите светски стандарди, со подно греење, суви и чисти подови, енергетски ефикасни ѕидови, нова опремена ветеринарна амбуланта и канцелариски простор. ЈП Лајка – Скопје е јавно претпријатие кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња. Работата на прифатилиштето се базира врз законска рамка со голем осврт на активности кои прифатилиштето ги воспоставува за поттикнување на одговорно сопствеништво кон домашните миленици. Со спроведување на програмата за работа на Лајка е првата алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомни кучиња и нивно вдомување за една среќна приказна со цел поттикнување на граѓаните да вдомуваат од прифатилиштето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1