ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/21 10:25 AM

Седум деца живеат во студена и влажна куќа без бања, никој не заслужува таков дом

Седум деца од селото Горња Мутница кај Параќин, Србија, се деца кои немаат утро. Пет девојчиња заедно со уште две братчиња живеаат во големи тешкотии, во услови недостојни за било кое дете на планетава.

Исидора (5), Вук (2), Татјана (7), Николина (6), Анастасија (9), Елена (10), Филип (15) живеат заедно со родителите во куќа полна со влага, испукани ѕидови без фасада и без бања.

Во секојдневната борба со гладот и желбата за подобро утро, овие деца не очекуваат многу. Најстарата од нив, Елена на прашањето што би сакала најмногу, не побара облека или играчи, туку едноставно – „Куќа“.

Просторот во кој децата сега живеат се распаѓа, пукаат цевките, собите се недовршени. Санирање, реновирање и опремување им се итно потребни. До неодамна семејството немало ниту струја, но таткото Синиша успеал да ги плати сметките. Сега тој се бори да собере се што е потребно.

– Купив материјал, плочки, туш-кабина, останаа некои ситници да ги докупам. Со години собиравме по некоја пара затоа што децата многу страдаат што немаат купатило – истакна Синиша кој преку цела недела работи во приватна фирма во Чуприја.

Семејството освен платата на Синиша, нема други приходи. Антиќ не добиваат ниту детски додаток ниту социјална помош.

– Ни работат само телевизорот и замрзнувачот, другото се  распаѓа. Ќе ни значи ако ги средиме собите и го завршиме купатилото. Тогаш децата ќе можат нормално да растат – вели мајката Јелена за организацијата „Срби за Срби“ која почна акција за помош и ги повика сите донатори  да им се придружат во обидот да им донесат насмевка на седумте деца.

Извор и фото: Mondo.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1