ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/15/21 11:20 AM

Одрони го попречуваат сообраќајот на патот од Делчево кон Македонска Каменица

Ситни и поголеми одрони го попречуваат сообраќајот на магистралата А3 во правец од Делчево кон Македонска Каменица. Одроните се најизразени веднаш по свиокот кај делчевскот село Очипала, додека појавата е забележлива на околу 20 места долж патниот правец. Поради ова сообраќајот се одвива отежнато, на места возачи прават пат да се овозможи движење на едниот дел од коловозот.
Екипи на Македонија пат веќе се на терен и дополнително ги отстрануваат помалите одрони на дел од патот. Оттаму апелираат на крајна внимателност и прилагодување на брзината со условите на патот.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1