ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/15/21 9:16 AM

Меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид се невакцинирани

Анализите на Министерството за здравство утврдија вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани, објави на Фејбук министерот за здравство Венко Филипче.
Како што информира Филипче според истражувањето на Цивика мобилитас, во последните три и пол месеци се потврдува, ефикасност на вакцините против Ковид 19,  штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход.
 Истражувањето на Цивика мобилитас, потврдува дека во последните три и пол месеци, 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5% и 2,8 милиони евра пониски трошоци за хоспитализација во последните 5 недели од делта бранот.

Вакцинацијата против Ковид 19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата, смета Филипче.

„Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид 19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас“, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од…

Posted by Венко Филипче on Friday, October 15, 2021


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1