ММС

Објавено на: 10/14/21 10:14 PM

Популарниот српски актер од филмот „Монтевидео, Бог те видео“ ја загуби битката со короната

Популарниот српски актер и комичар Марко Живиќ почина на 50-годишна возраст во болница во Белград како резултат на коронавирус, пренесува Нова.рс.

Тажната вест за смртта на 49-годишниот Марко ја потврди Драмскиот театар во Белград.

“Денес, шампионот на нашиот театар, Марко Живиќ, почина во Белград. Му благодариме за се и вечна му слава. Драг Марко, ќе бидеш со нас засекогаш”, велат од театарот.

Марко последните три недели ги помина во тешка состојба во болницата каде што беше поврзан со респиратор, а пред една недела почна да прима кислород преку маска, по што лекарите мораа да го интубираат.

Имал воспаление на белите дробови, а неговата состојба ја комплицирала и бактерија од дигестивниот тракт, особено затоа што пред неколку години беше опериран од рак на хранопроводот и желудникот.

Марко беше најпознат по улогите во филмовите „Некролог за Ескобар“ и „Монтевидео, Бог те видео“ во кои се истакна како Исак, а медиумите му ја доделија титулата голем шоумен. Тој ја започна својата театарска кариера во 2002 година во Драмскиот театар во Белград, а првата истакната улога по која се памети беше улогата на Лепи Лукиќ во комедијата „Фолк“.

Извор: Дневник.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1