ММС

Објавено на: 10/14/21 8:37 PM

Дрогирал и убивал момчиња и ја пиел нивната крв – Побегна сериски убиец во Кенија

Маж кој призна дека убил повеќе од 10 деца во Кенија, избегал од полициската ќелија во Најроби.

Мастен Вањала вчера требаше да се појави на суд поради обвинението за убиство на најмалку 14 момчиња, но полицијата за време на прозивката забележа дека тој повеќе не е во ќелијата, пишува Би -Би -Си.

Вработените во затворот, кои беа на должност за време на неговото бегство, беа уапсени.

Тој призна дека пиел крв од некои од жртвите

Вањала бил приведен за време на полициската истрага за серија убиства на деца што ја шокираа нацијата.

Властите сега започнаа потрага по серискиот убиец кога го опишаа како исклучително опасен.

Вањала бил уапсен во јули и призна дека дрогирал и убивал момчиња и во некои случаи ја пиел нивната крв.

Извор: Курир.рс

Фото: Серхио Бариос/Пантермедиа/профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1