ММС

Објавено на: 10/14/21 7:14 PM

Од сабота пресврт на времето – Пораст на температурите и повеќе сонце

Утре не очекува облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет. Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1