ММС

Објавено на: 10/14/21 6:44 PM

(ВИДЕО) Бев како билка – Дино Мерлин прв пат раскажа за тешката болест

Дино Мерлин е еден од најуспешните музичари на овие простори, иако имаше тешко детство, а неговата популарност денес е еднаква со онаа што ја имаше на почетокот на кариерата, пред неколку децении.

Иако живее сосема едноставно надвор од камерата и се однесува како и секој друг човек, а не како ѕвезда, што некогаш ја откриле неговите соседи кои имале само пофални зборови за него, пејачот ретко зборува за неговиот приватен живот.

Во една прилика, тој за првпат проговори за тешкиот период низ кој помина, а тоа видео сега стана вирално на социјалните мрежи. Потоа јавно призна со што се соочи и подоцна, за среќа, победи. Станува збор за депресија, која, за жал, е се почеста во денешно време.

“Ќе го кажам ова за прв пат, во еден период од мојот живот бев сериозно болен. Имав една тешка депресија. Не би го посакал тоа на никого. Тоа се манифестираше така што јас не бев за ништо. Не ме интересираше било што, тоа беше исто за мене и животот и смртта. Јас бев само растение. И тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и се ми дојде на ум тогаш, но со некое чудо се извлеков од тоа“, рече Мерлин, со насолзени очи.

По ова, славниот пејач доби бројни коментари и несебична поддршка од фановите.

 

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1