ММС

Објавено на: 10/14/21 5:32 PM

Починаа 13 лица од Ковид-19, регистрирани 421 нови случаи

Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа, регистрирани се 421 случај на коронавирусот од направени 2.900 тестирања, пријавени се вкупно 13 починати, осум во последното деноноќие и плус пет лица од „Мој термин“, починати од 6 до 28 септември. Евидентирани се и  395 оздарвени пациенти.

Од новите 421 случај на Ковид-19, од Скопје се 211, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.

Од регистрираните 395 оздравени пациенти, од Скопје се 220,Куманово – 31, Струмица – 20, Охрид и Тетово – по 14, Кочани – 12, Битола – 10, Штип, Велес и Кавадарци – по 9, Кратово – 7, Кичево – 6, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Гостивар и Пробиштип – по 4, Прилеп и Богданци – по 3, Неготино и Пехчево – по 2, Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале осум лица: три од Скопје (86г, 74г, 69г) и по едно починато лице од Кратово (88г), Велес (75г), Виница (66г), Куманово (64г) и Охрид (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови, а три во домашни услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1