ММС

Објавено на: 10/14/21 4:05 PM

Поразлично од сите претходни – СП во Катар ќе биде како Дизниленд

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино изјави оти со оптимизам гледа на Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во Катар.

Првиот човек на светската фудбалска организација истакна дека следниот Мундијал ќе биде поразличен од сите претходни.

– Пред нас се сега 13 месеци до следното СП во Катар. Тоа ќе биде многу поразлично од сите досега па дури и уникатно бидејќи сите стадиони ќе бидат многу блиску еден до друг  на површина од вкупно 50 километри. За љубителите на фудбалот тоа ќе биде како дете во Дизниленд, бидејќи на едно место добивате сè што е најдобро, прекрасна атмосфера, одличен амбиент. Фудбалот е славје, радост, страст. Сигурен сум дека ова ќе биде фантастично СП. изјави Инфантино.

Мундијалот во Катар, кој последен пат ќе се одржи според форматот со 24 репрезентации, (од СП 2026 ќе учествуваат 48) е на програмата од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1